Околу илјада луѓе не можеле денеска да се вратат во своите живеалишта на шпанскиот остров Гран Канарија, откако неколку места се евакуирани, бидејќи голем шумски пожар се шири кон националниот парк Тамдаба и областа популарна кај туристите, соопштуваат службите за итни случаи.

Уште синоќа пожарот се приближи на неколку десетици метри до туристичките летувалишта

Пожарникарите користат авиони и хеликоптери за да се справат со пожарот на околу 30 километри од главниот град Лас Палмас, пренесува Ројтерс.

Властите на Твитер објавија дека пожарот претставува опасност за националниот парк на западниот дел од островот како и за неколку градови.

Пожарот се гаси со сите расположливи капацитети, дополнително испртени од Шпанија

Полицијата соошти дека верува оти пожарот е предизвикан намерно. Во саботата е уапсен 55 годишен маж.