Муслиманските верници и израелската полиција се судрија денеска на главното место за Аџилак во Ерусалим за време на исламскиот празник Курбан бајрам.

Палестински извори наведуваат дека најмалку 14 лица се повредени, од кои еден потешко, за време на нередите со полицијата на местото кое муслиманите го сметаат за место на џамијата Ал Акса, а Евреите го викаат „Храм на храмовите“.

Сведоци наведуваат дека најмалку две лица се уапсени.

Десетици илјади муслимани се собраа во ерусалимскиот Стар град во неделата рано наутро заради молитва. Тоа е најсветото место за Евреите, а трето најсвето за муслиманите, после Мека и Медина во Саудиска Арабија.

Ова место долго време е епицентар на израелско – палестинските конфликти.

Израелската полиција забрани влез за еврејските посетители пред нередите да избијат. Недела е исто така еврејски ден на жалост заради уништувањето на два библиски храмови кои на тоа место се изградени уште во античко време.