За натпреварите во Баку, Букурешт и Будимпешта билетите за престојното Европско фудбалско првенство ќе бидат најевтини со цена од 30 евра, а најскапи ќе бидат билетите за финалето во Лондон, кои чинат од 85 до 945 евра.

УЕФА денеска ги објави цените на билетите за претстојното Европско фудбалско првенство.

Првата фаза од продажбата започнува онлајн на 12 јуни и ќе трае точно месец, во кој треба да бидат продадени 1,5 милиони билети.