После поразот од Бетис на крајот од сезоната на „Сантијаго Бернабеу“, тренерот на Реал, Зинедин Зидан порача дека неговата екипа никакако не смее да ја заборави ужасната сезона.

По Лопетеги и Солари, Зидан е третиот тренер на Реал оваа сезона, а пристигна во моментот кога ништо важно не можеше да смени во лошата сезона на Мадриѓаните. Реал во последниот натпревар пред своја публика загуби од Бетис со 2:0, а Зинедин Зидан рече дека чувствува олеснување после крајот на сезоната.

За клубот ова беше за прв пат да загуби во Примера две средби по ред под раководство на Зинедин Зидан, во претходното коло беше совладан од Реал Сосиедад со 3:1.

За следната сезона, Зидан побара составување тим според неговите желби, во спротивно најави дека повторно ќе се замине.