За цена од 150 денари, љубителите на ракометот во Битола ќе може да го следат првиот натпревар на македонската машка ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска во 2020 година.

Дуелот против селекцијата на Турција ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20.15 часот.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба в понеделник од девет часот, а ќе може да се набават на Широк Сокак, пред кафе барот Портал. Количината на влезници пуштени во продажба ќе биде ограничена. Останатите влезници ќе може да се набават на билетарата на салата „Боро Чурлевски“ пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот против Турција ќе биде првиот што машката селекција го игра во Битола по пауза од повеќе од 15 години.