„Боксерската“ пресметка во Стејплс ценатрот, во која учествуваа повеќемина кошаркари на ЛА лејкерс и на Хјустон рокетс ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата.

Инцидентот се случи во средишниот дел од последната четвртина кога на кошаркарот на „езерџиите“, Брендон Инграм му беше досуден фаул врз Џејмс Харден, по што дојде до мало туркање меѓу нив двајца. Но, многу брзо фокусот се префрли кон Крис Пол и Ражон Рондо, коишто разменија неколку тупаници, по што и Инграм влета меѓу нив и се нафрли кон Пол.

За таквото однесување, Пол, Рондо и Инграм добија исклучувања од натпреварот.