Расел Вестбрук, кој ги пропушти првите два натпревара од НБА сезоната поради повредата на коленото, дебитираше со речиси трипл-дабл учинок од 32 поени, 12 скокови и осум асистенци, но тоа не беше доволно за Оклахома сити тандер да избегне нов пораз. За Оклахома тоа е третиот во трите одиграни натпревари, а овојпат подобри од нив Сакраменто кингс кои славеа со 131-120.

Најдобри кај гостинските „кралеви“ беа Иман Шамперт со 26 поени и Деарон Фокс со 22 поени и 10 асистенции.

Пораз на шампионот

Екипата на Денвер нагетс продолжи со одличните игри на почетокот од новата сезона со победата против актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 100-98. Ова за „нагетси“ беше трет триумф во исто толку натпревари, а клучниот потег на средбата го направи Шпанецот Хуан Ернангомез, кој во последната секунда го изблокира Дејмион Џонс со што спречи да има продолжение.

Гери Харис беше најефикасен кај домашните со 28 поени, а Никола Јокиќ имаше учинок од 23 поени, 11 скокови и шест асистенции. Кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 30, а Кевин Дурант 20 поени.

Резултати од останатите дуели

Кливленд – Атланта  111-133

ЛА Клиперс – Хјустон  115-112