Најверните навивачи на Вардар покажаа колку го сакаат својот клуб. Тие попладнево имаат протест под мотото „Вардар никогаш сам“.

Иако не се дозволени гледачи тие денеска се собраа во Дебар Маало и во Градскиот парк за да го кренат гласот за пропаѓањето на клубот кој испадна во Втората лига.

На патот кон стадионот „Комитите“ со знамиња и бакљи го искажаа револтот и беа отпоздравени од минувачите како и од оние кои беа седнати во кафулињата во Дебар Маало.

Секоја чест, вака се сака клуб.