Киксот на Тони Крос го чинеше Реал Мадрид пораз на гостувањето кај ЦСКА Москва. При обид да врати една топка до голманот Кејлор Навас, Германецот всушност му асистираше на Влашиќ во почетните моменти од натпреварот.

На Реал Мадрид маку му беа 90 минути за израмнување и покрај многуте шанси. Трипати „кралевите” ја тресеа рамката на голот на ЦСКА.

Во истата група, Рома ја совлада Викторија Плзен со 5:0.

Од друга страна, агонијата на Манчестер jунајтед од домашното првенство продолжии и во ЛШ. „Црвените ѓаволи“ со Валенсија одигра само 0:0.

Тоа го искористи Јувентус, кој со трите голови на Паоло Дибала го совлада Јанг Бојс со 3:0 и се зацврсти на врвот од табелата.

Меч со изненадувачки резултат е и тој меѓу Баерн Минхен и Ајакс, кои во Германија  одиграа 1:1. Во другиот натпревар од групата, Бенфика го совлада АЕК во Атина 3:2.

Манчестер сити дојде до првиот триумф сезонава, славејќи против Хофенхајм на гости со 2:1, додека Лион и Шахтјор ремизираа 2:2.