Ракометарите на Вардар не запираат да редат победи. Освен во Лигата на шампиони, вардарци ја продолжуваат победничката серија и во СЕХА лигата. Попладнево ја совладаа и Војводина со 33:26. Дмитри Кисељев постигна девет голови.

Вардар е прв на табелата со 15 бодови. Фановите на македонскиот шампион се надеваат на нов триумф на Вардар во сабота и во Лигата на шампиони против Рајн Некар Левен во „Јане Сандански“.

За разлика од „црвено-црните“, помалку среќа имаше тимот на Металург, кој пружи солиден отпор на тешкото гостување во Хрвтаска, но крајот загуби од ППД Загреб со 26:22.