Утрово започна средбата на бугарскиот државен врв посветена на односите со Македонија. Средбата е на иницијатива на претседателот Румен Радев а учествуваат премиерот Бојко Борисов, министерот за одбрана Красимир Каракачанов, министерката за надворешни Екатерина Захариева, како и претседателот на комисијата за историја Ангел Димитров.

Главна тема на консултациите се резултатите на комисијата за историја и тоа дали Бугарија ќе даде поддршка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Главн пречка за договор на двете комисии е ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев.