Причината за отфрлање на кандидатурата на Ласло Трочањи за нов комесар на Европската унија во ресорот Добрососедство и проширување била загриженоста заради „врски со Русија“, јавува редакцијата „Politico“, повикувајќи се на официјални писма.

Во Брисел се вознемирени од неговите „врски со Русија, особено имајќи ја предвид неговата улога на министер за правда при екстрадицијата на осомничени Руси, за кои подоцна ќе се утврди дека биле ослободени, наспроти претходното барање на САД за нивна екстрадиција“.

За време на мандатот како министер за правда, Трочањи ја одобрил екстрадицијата во Русија на осомничените за трговија со оружје Владимир Љубишин-стариот и Владимир Љубишин-младиот, наспроти барањето на САД за екстрадиција и заедничка работа околу тој случај.

Комисијата на Европскиот парламент, која ги разгледува кандидатурите за новиот состав на Европкста комисија, исто така преку писмо изрази загриженост за „учеството на Трочањи како министер за правда во договорот за атомската централа „Пакс II“, наспроти достапноста на клаузулата за конфликт на интереси“. Русија и дозволи на Унгарија да го финансира проширувањето на атомските централи, при што рускиот гигант Росатом е основен извршител на проектот.