Четири годишно момче од Ирак загина во сообраќајна несреќа во Грција, откако комбе кое превезувало мигранти се судирло со камион.

Во несреќата која се случи во северниот дел на Грција 27 лица беа повредени, соопшти грчката полиција. Меѓу повредените се и двајцата шверцери на мигранти, вклучувајќи и 24-годишен ирачки возач.

До несреќата дошло кога комбето кое било со бугарски регистарски таблички не запрело на полициски контролен пункт, а возачот со голема брзина одлетал на автопатот и се судрил со камион..

Мигрантите кои биле во комбето се од Ирак, Сомалија и Бангладеш, меѓу повредените, пет се малолетни лица, а две од нив се здобиле со сериозни повреди, соопшти полицијата.

Грчката полиција објави денеска и дека уапсила двајца пакистански мигранти, шверцери, кои работат од Турција.