Откако вчера Собранието ги изгласа уставните измени, имплементацијата на Договорот од Преспа се сели во Грција.

За тој да стапи во сила потребно е да биде изгласан од страна на грчкиот парламент и да биде ратификуван протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Како што стојат работите во Атина, извесно е дека владејачкото мнозинство во Грција ќе успее да собере 151 пратеник колку што е потребно.

Покрај опозициската Нова Демократија, незвесни се и гласовите на партијата Независни Грци. Лидерот Панос Каменос веќе се изјасни дека нема да го поддржи договорот, но не може да потврди дека сите негови пратеници ќе гласаат против.

За следната недела е најавена средба помеѓу премиерот Ципрас и Каменос по што ќе биде појасно дали има поддршка за Договорот. Завчера во Атина беше и канцеларката Ангела Меркел која рече изгласувањето на договорот е важно не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Според очекувањата, грчкиот парламент треба да го изгласа договорот од Преспа најдоцна до 15 февруари по што Времената спогодба од 1995 година ќе замине во историјата, а новото име на нашата земја ќе биде Република Северна Македонија.