КФОР преку друштвените мрежи најави одржување на вежба на Косово во која ќе бидат вклучени хеликоптери и возила. Во објавата не е наведен точниот датум на нејзиното одржување.

КФОР ќе ја спроведе вежбата, распоредувајќи војска на различни места од Косово. Вежбата ќе вклучи хеликоптери и возила а целта ќе биде јакнење на соработката меѓу единиците на КФОР, како и одржување на нивната подготвеност. КФОР редовно вежба да биде спремен да го исполни својот мандат, пишува во соопштението на КФОР објавено на Фејсбук.

Со соопштението објавена е и видео снимка од претходни вежби, каде може да се види како војници на КФОР пробиваат барикади, разбиваат демонстранти, трчаат низ пламен од молотови коктели, патролираат во борбени возила и хеликоптери, спасуваат ранети.

КФОР претходно неделава ја одложи вежбата заради временските прилики, која требаше да започне во средата и да трае до денеска.