Младинското движење за интеграција и Младинскиот форум на Демократската партија денес пред парламентот, додека траеше седницата, одржаа симболичен протест.

Младите оставија чевли, патики или сандали како и знамиња на земјите каде некој член на нивното семејство си заминал, односно се ислелил од Албанија.

Според младите, сегашната влада „ги убила сите надежи“ кај младите. Тие истакнаа дека владата не може да им гарантира ни безбедна иднина.