Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема да поднесе оставка и дека нема да има вонредни парламентарни избори во Албанија.
По масовниот антивладин протест во Тирана, премиерот Еди Рама во интервју, за италијанскиот медиум Коријере дела сера, вели дека за тоа нема потреба бидејќи опозицијата е во длабока криза и не е во состојба политички да ја предизвика владата. Малцинството во парламентот, тврди Рама, е послабо отколку што било на изборите во 2017.
Кога утре би се одржале ибори, опозицијата би добила помалку гласови“, кажа Рама.
Тој додаде дека е избран од народот и дека на таа функција ќе остане до крај служејќи му. За оставка, вели, не размислува.
„Имам јасен мандат од народот, имаме мнозинство во парламентот и на крајот имам обврска да се соочам со моите сонародници. Не сум обврзан да ги следам барањата на парламентарното малцинство. Единствена обврска е договор со албанскиот народ кои ни го даде мандатот да владееме“, рече албанскиот премиер.
Рама тврди дека неговата влада е потполно посветена на реформите во правосудството, дека борбата против корупцијат никогаш не била толку силна како сега. „Јасно е дека тоа е друга војна и дека резултатите не може да дојдат толку брзо“, рече Рама.
Comments are closed for this post.