Фотографијата е снимена во 1980 година и на неа е друштвото на Алексис Ципрас. „Ефимерида“ пишува:„Сите се студенти. Левичари, секако, како и повеќето од нивната генерација“.

Но, според весникот, друштвото зело различен курс од тогашниот и сите пријатели на Ципрас, некои и без завршени студии, станале министри на Сириза. Последна Елефтерија Хаџигеоргиу која стана министерка за Тракија-Македонија.

Некои и си заминале од кабинетот, како Габриел Сакеларидис, кој ја напушти политиката и сега е на чело на Амнести интернешенел. Кои се другите:Димитрис Ѕаканопулос, кој гледа низ очилата седнат до Габриел Сакеларадис, потоа Никос Каранакис, Насос Илиопулос, Франгискос Кутенакис.