Албанскиот премиер Еди Рама ден откако ја презема должноста министер за надворешни работи, изјави дека таа должност му ја препушта на Гент Чакај, Албанец од Косово, чие поставување на министерската позиција претходно одбиваше да ја потпише претседателот на државата Илир Мета.

Ова е мојата најкратка изјава во мојот живот. Јас во својство на министер за надворешни работи го делегирам Гент Чакај овој ресор да го претставува во меѓународните институции, рече Рама, пренесува приштинскиот весник Бота сот.

Медиумите во Тирана ваквиот потег го толкуваат како „оставка“ на должноста која вчера ја презема.

Првичниот предлог на Рама беше на местото на сменетиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати да биде поставен Чакај, но претседателот Илир Мета одби да го потпише именувањето.

Одбивањето го образложи со зборовите дека Чекај е млад и неискусен, а му забележа и тоа што ја поддржал идејата на претседателот на Косово Хашим Тачи за корекција на границата со Србија, односно размена на територии.