Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, говорејќи синоќа на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика, на која на мускули е истуркан Преспанскиот договор, истакна дека „Договорот не може да регулира прашања за народи или за нации“ и тоа го објасни со наједноставни зборови:„државите не признаваат држави, ниту, пак, народи“.

Тој појасни дека „прашањето за државјанството е правно прашање кое ја засега државата, а прашањето со националниот идентитет е право на личен избор, односно на самоопределување“.

Катругалос појасни дека според Универзалната декларација и според Европската конвенција за националноста, терминот „државјанство“ не ја одредува националната припадност на индивидуата. Тој притоа истакна дека Грција според меѓународните документи, нема право да се меша по прашањата за самоопределување.

На ова реагирал Џорџ Кумуцакос, кој подвлекол дека под националност (nationality) во англискиот јазик се подразбираат две работи – и државјанство и националност. Според него националноста се одредува според името на државата „па според тоа државјнаството треба да биде северномакедонско, односно национланоста Северномакедонци“.

Потоа, се јави и Панос Каменос, лидерот на Независни Грци кој праша:„Ако тие имаат право да се викаат Македонци, тогаш зошто се правеше овој Договор“?