Приштинските власти забранија влез на официјални лица од Србија да доаѓаат како би учествувале во кампања за претстојните косовски избори на 6 октомври, наведува порталот Лајм.

Јетљир Зиберај од косовското министерство за надворешни работи соопшти дека приштинските власти одлуката ја донеле, како што наведува, по заканите на официјален Белград на заедниците на Срби на Косово.

„Белградски официјални лица не може и нема да им биде дозволено да учествуваат во кампања на косовските избори. Ниту заканите на заедниците на косовските Срби од Белград нема да се толерираат, изјави Зиберај, пренесува Лајм.