На социјалните мрежи се појави фотографија од апсењето на Аркан во Холандија во 1979 години. Фотографијата е извадена од архивите на холандските весници и на неа се гледа како тројца  полицајци го совладуваат младиот Жељко Ражнатовиќ на некој мост во Амстердам.

Во Холандија е осуден на седум години затвор но во 1981 година успева да избега оттаму и да се врати во Југославија.