Неколку дена откако преживеа владата на Ципрас, грчкиот премиер ќе има нови грижи. За денеска во Атина е закажан голем протест против Договорот од Преспа кој Парламентот треба да го донесе кон крајот на неделата.

Затоа на плоштадот Синтагма, се очекува да излезат над 100.000 Грци. Тие не се согласуваат со ставот на власта да се потпише договор со соседната земја што го содржи зборот „Македонија“. Затоа бараат од партиите да не го ратификуваат договорот.

Власта пак смета дека граѓаните не се доволно информирани за Договорот од Преспа и дека со него Грција успеала да ги зачува националните интереси и грчкиот карактер на нивната Македонија.

Протестот е закажан за во 13 часот по македонско време а се очекува да присустуваат Грци од целата земја кои ќе пристигнат организирано со автобуси.