Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година.

Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.

– Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.

Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.

– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста – се наведува во транскриптот.

Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.