Ткивото на Европската унија е растурено поради мигрантската криза и ќе бидат потребни натчовечки напори за обновување на европската соработка во ерата по Меркел, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан во писмото до Ангела Меркел објавено на нејзината службена интернет страница.

Унгарскиот премиер пишува дека Меркел и тој со години страдале бидејќи биле опозиција, па прво таа станала канцелар, а потоа неговата партија се вратила на власт, а заедно ја менаџирале финансиската криза во 2010 година и „биле партнери во борбата на Европската унија да се држиме заедно“.

Лојалните и дисциплинирани Германци и бунтовните и непромислени Унгарци се бореа заедно за иста цел, Европа во која сите народи ќе се чувствуваат како дома“, напиша Орбан.

Орбан посочува дека кризата откри дека татковината е клучна за Унгарците и другите жители на централна Европа, тврди унгарскиот премиер.

Нацијата е појдовна точка, а без патриотизам не може да има здрав емотивен живот. „Се покажа дека Германците застанаа на страната на вториот развојен пат на европската цивилизација, да се придвижат кон постхристијанска и постнационална држава“, додаде тој.
Ние Унгарците разбираме дека Германците тоа не го сметаат за проблем, 
„Тие не ја сметаат за цивилизациска болест која треба да се излечи, туку ја сметаат за природен, посакуван, па дури и морално супериорен исход. 

 

Едно е сигурно: ерата на двосмисленост, прикриена политика и талкање заврши со Меркел. Влегуваме во новото време без ракавици“, заклучи Орбан.