Денешниот гостин во Македонија Габриел Екобар има „звучно“ презиме и важи за одличен познавач на Балканот, особено на Босна и Херцеговина, а за него велат дека е непристрасен и енергичен дипломат.

Неговите познаници го опишуваат како Ескобар е многу дружељубив и оти сака српска храна посебно ќебапчиња.

Тој одлично го говори српскиот јазик и  беше во Белград во 2001 година како шеф на политичкиот оддел, веднаш откако Америка повторно ја отвори амбасадата.

Во поранешна Југославија, од 1998 до 2001 година ја извршуваше функцијата началник на кабинетот во Канцеларијата на високиот претставник во Бања Лука, потоа заменик-шеф на тимот за дипломатски врски во Подгорица. Пред да се врати на Балканот, тој беше висок советник на амбасадорот задолжен за секторот за економски прашања во Амбасадата на САД во Багдад, каде што го отслужи најголемиот дел од својот мандат како заменик-амбасадор.

Ескобар беше и координатор за кубански прашања во Бирото за западната хемисфера во Стејт департментот (2017 и 2018 година), заменик амбасадор во Амбасадата на САД во Ла Паз, Боливија (2014-2017), генерален конзул во американскиот конзулат во Пешавар, Пакистан и водач на американскиот тим за реконструкција во областа Киркук во Ирак (2013-2014). Тој беше назначен за заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Белград во август 2019 година, а до доаѓањето на амбасадорот Ентони Годфри беше вршител на должност.