Поранешниот премиер Костас Карманлис се јави со интервенција за Преспанскиот договор со писмена изјава.

Како што претходно истакнав, госпоѓа Бакојанис точно ја опиша политиката тогашната влада која ја донесе одлуката за Самитот на НАТО во Букурешт (грчкото вето н.з.). Одлука која ни донесе ефективна предност во преговорите, за непотребно брзање, но очигледно други сакаат да го решат прашањето. Очигледно не Грција. Владата конечно треба ги чуе и да ги почитува чувствата на граѓаните и да нуди свои иницијативи врз база на национален консензус. За национални прашања не е дозволиво ваква итност која доведе до клима на огорченост и поделба, напиша Карманлис, творецот на Букурешкото вето.

Во меѓувреме, денес реагираше четвртиот потпретседател на грчкиот парламент од редовите на Нова демократија, Никитас Какламанис, кој од утрово ја води седницата за ратификација на Договорот од Преспа. На почетокот на денешната расправа, најпрво го осуди нападот врз домот на пратеничката од СИРИЗА, Теодора Цакри, а потоа ги коментираше како „неприфатливи” вчерашните изјави на медијаторот Метју Нимиц, јави МИА.

Моето лично мислење е дека верувам дека сите колеги во салата, и оние  што ќе гласаат „за“ и оние што ќе гласаме „против”, одлуката е резултат на нивното слободно размислување и поддршка на политичката линија на нашите партии. Во ова смисла, ги сметам за неприфатливи, вчерашните изјави на господинот Нимиц, рече Какаламанис.

Нимиц вчера ги повика пратениците да гласааат „за“, зашто со поинакво гласање ќе се создаде криза.

Мицотакис: Шест премиери рекоа „охи“

Остар твит напиша Мицотакис, лидерот на Нова демократија, а твитот е придружен и со видео. Тој забележува дека владата на Ципрас има историска одговорност со прифаќањето македонски идентитет и јазик. „Шест премиери рекоа „не“ на такво нешто, истакнува Мицотакис.

Костас Мицотакис, Андреас Папандреу, Андонис Самарас, Костас Симитис, Костас Карманлис и Џорџ Папандреу не прифатија македонски идентитет и јазик и покрај нивните различни погледи, рече Мицотакис.