Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го пофали својот однос со претседателот на Венецуела Николас Мадуро за време на својата прва посета на оваа земја.

Ердоган смета дека на Венецуела и се неправедно воведени меѓународните економски санкции и понуди своја помош, пренесува Танјуг.

Тој го пофали Мадуро што не ги следи примерите на западните лидери со „натрупување“ анти-исламско расположение, пренесува агенцијата.

Официјалните податоци на турската влада покажуваат дека Венецуела оваа годна на Турција и продала околу 900 милиони долари во злато, што е, како што наведува Асошиејтед прес, помагајќи да се ублажат опаѓачките приходи од продажба на нафта.

Трговската размена помеѓу двете земји во 2016 година изнесува 84 милиони долари.