Претседателот на Србија објави дека косовската војска ќе се формира на 14 декември и дека веќе ништо не можат да сторат да го запрат овој процес.

Не напикаа во ќош, ни останува и натаму да се залагаме за мир. Целата моја политика ќе биде заснована на тоа да ги штитиме нашите национални интереси и тоа и натаму ќе биде моја политика – изјави вчера Вучиќ.

Српските медиуми одат чекор подалеку и објавуваат дека војската на Косово ден подоцна ќе влезе на Северот што ќе биде вовед во нов конфликт.