Новиот закон за спречување на корупција и судир на интереси се подготвува, кој според најавите ќе се носи по референдумот. Комисијата која треба да утврдува дали има корупција и судир на интереси во работењето на владините функционери седум месеци не работи, а веќе неколку афери ја стресоа Владата во изминатава година.

Ќе се мрднеме ли од место, ќе добиеме ли конечно вистинска Антикорупциска која ќе ги држи под лупа владините функционери и нема да работи по партиски наредби, туку професионално? Претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева која е еден од пишувачите на законот,  во интервју за Пресинг ТВ  вели дека колку и да биде добро законското решение, на крај се зависи од интегритетот на луѓето кои ќе бидат избрани да се борат против корупцијата.