Според сите истражувања многу тешко ќе се стигне до цензусот на референдумот но претпоставката е доколку има доволен број на излезени власта ќе објави дека народот и дал поддршка и оти треба да продолжат со имплементација на договорот, вели во интервју за Pressing Tv“ политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Тој не ја исклучува можноста по 30 септември да влезе во нова политичка криза, но оти тоа ќе зависи од исходот на референдумот.