ВМРО-ДПМНЕ го обвини Министерот за здравство, Венко Филипче за скандал со тендер за стерилизација. Партискоиот портпаролот, Димче Арсовски, рече дека министерот вчера на очиглед на целата јавност протуркал фирми за кои партијата на неколку пати алармирала дека се сомнителни, а целиот тендер е скандалозен.
Две од фирмите кои се активни на тендерот за стерилизација се поврзани со албански бизнисмен Илир Рапај за кого во Албанија и во Италија се водат истраги, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека доколку не се прекине веднаш овој тендер највеќе ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб.
Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај. Фирмите „Е вита„ од Албанија и “Стери Мед“ од Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово. За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо“, изјави портпаролот Арсовски.
После ваква втора грешка, велат од партиијата, редно е министерот Гилипче да си даде оставка веднаш и да не ја чекате метлата и да заминете од министерската функција.
Од СДСМ реагираа на прес конференцијата на Арсовски. Во соопштението испратено до медиумите стои дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравство кога 11 години, здравството го користеле за местење на тендери, добивање на дебели провизии и лични богатеења.
Поради игнорантскиот однос кон здравствените работници, пациентите и условите во болниците, ВМРО-ДПМНЕ остави тотален хаос во здравтствениот систем. Втор ден, иста лага од симболот за лажни вести – белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски, стои во реакцијата на СДСМ.
Од партијата додаваат дека не станува збор за процес на стерилизација, туку за долгорочно инвестирање и осовремување преку пат на приватно јавно партнерство со што се обезбедува спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности.
Comments are closed for this post.