Полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР.
Дел од медиумите објавија дека акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Повеќе детали за текот на акцијата и преземените мерки се очекуваат по завршувањето на полициските активност







Comments are closed for this post.