ВМРО-ДПМНЕ повторно побара одговор од владата за како што велат еден од најголемите корупциски скандали на власта. Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар Драги Рашковски доаѓаат од секој чекор, рече на денешната прес-конференција Иванка Василевска, зборувајќи за наводниот сомнителен тендер за набавка на систем за летање преку М-НАВ.
Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, вели Василевска.
Таа му постави десет прашања на Рашковски.
- Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во влада?
- Доколку како што велите господине Рашковски дека од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?
- Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш и дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?
- Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
- Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?
- Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?
- Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?
- Господине Рашковски како според вас Италија, Шпанија, Франција и Малта се „ебиветар“ држави? Како се среќавате и ги гледате во очи амбасадорите на овие држави и впрочем што мислите за вашите помали коалициони партнери од ромска националност?
- Дали и во другите делови од набавката инсистирате италијанската компанија да добие на непосредна спогодба, иако ви укажуваат дека не се работи за компанија којашто е директен производител?
- И за крај господине Рашковски кои се европски држави кои се наоѓаат под екваторот?, прашува Василевска.
Таа прашува и дали молкот на премиероот Заев знчи дека и за него имало дел од авантата.
Comments are closed for this post.