Каква и да е одлуката на Уставниот суд таа мора да се спроведе, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески прашан за коментар во врка со одлуката на Уставниот суд со која привремено се укинува мораториумот за градби во општина Центар и денешната реакција на градоначалникот Саша Богдановиќ дека општината не се откажува од мораториумот.

Сугаревски посочи дека од страна на министерството и од Владата предложен е нов закон за урбанистичко планирање, кој според министерот ќе реши многу проблеми.

Судиите од Уставниот суд вчера донесоа привремена одлука со која се укинува мораториумот додека да се донесе конечна одлука дали тој е уставен или не.

На ова, денеска реагираше градоналачникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, кој изјави дека се додека писмено не бидат известени за одлуката за општината мораториумот ќе биде на сила.