На митингот во Струмица

Силјановска: Химна не се заборава, химна секогаш се пее

07.04.2019 / 23:21


Кандидатот за претседател  Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Струмица.

Таа повтори дека филозофијата на Заев и СДСМ е кажувам, заборавам, негирам, додека нејзината филозофија е кажувам, помнам, правам, спроведувам.

Родно место на филозофијата и политиката позната како заевизам е ова. Меѓутоа ние овде дојдовме за да рашириме, да отвориме да ве инфицираме со една друга политика па да речеме дека можеби по победат овде таа политика ќе стане македонска политика. Оваа првава без плодна политика, таа првата политика што не создава јавна вредност, а камоли европска вредност е како тријалголник, односно таа гласаше кажувам, заборавам, негирам“, рече Силјановска.

Мој филозофија, но и на луѓето кои ме поддржаа рече таа е – кажуваме, помниме, правиме, спроведуваме.

Силјановска Давкова потенцираше дека Заев и СДСМ не само што заборавиле што им ветиле на граѓаните, туку ја заборавиле и македонската химна, додавајќи дека химната не се заборава бидејќи химната без држава нема.

Не само што го забораваат ветено, политичкото туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната. Значи ја заборавија Струмица и цела Македонија. Химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што нема химна нема ни држава“, нагласи таа.

Силјановска додаде дека времето за одлучување доаѓа и побара од граѓаните на 21 април и 5 мај да излезат и да ја поддржат.

Народот е мудар, најмудар е кога молчи и јас така гледав на референдумот, ама времето на одлучување доаѓа“, порача Силјановска.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати

пред 22 мин.
Македонија

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ

пред 26 мин.
Македонија

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

пред 8 часа
Македонија

Зошто не треба да се бојкотира вториот круг: Јован Митревски ќе ни стане в.д претседател на држава , следниот ќе ни го бира ДУИ во Собрание

пред 9 часа
Македонија

Победнички: Вака беше вечерва во Струга и Кичево (ФОТО)

пред 21 час
Македонија

Мицкоски: Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт

пред 21 час
Македонија

Љуљзим Фаризи: Aко ја тераат логиката сите против ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај ќе имаат десет посто гласови

пред 22 часа
Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, јас ќе ви одговорам, ве снајде народ

пред 23 часа
Македонија

ПАСОК на Бихаќа: Ни во најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови

пред 1 ден
Интервју со носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Многу сме блиску до 61 пратеник

пред 1 ден