Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денеска на митинг пред во Струмица потенцираше дека овие претседателски избори не се обични избори, туку многу повеќе од тоа, бидејќи Македонија е во прашање.

„На овие избори се носи одлука дали ќе продолжиме да живееме во понижена, омаловажена и уништена држава каква што сега ја направи СДСМ.Од една страна ја имаме нашата праведна, честита, сенародна битка против заевизмот, олицетворена во професорката Гордана Силјановска Давкова, а од друга страна го имаме оној избран на мафијашки начин во скап скопски хотел од деспотот Заев, Стево Пендаровски симбол на завидлизмот. Изборот е јасен, ќе победи најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот и професорката Гордана Силјановска Давкова“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека СДСМ и Пендаровски мислат на тоа како да се богатат, да уживаат во комфор и привилегии додека ја раскрчмуват иднината на Македонија, додека пак ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска Давкова за честита, достоинствена и горда Република Македонија.

„Тие би да се откажат од нашето минато, кое што како сидро не им дава да се одлепат од нивното секојдневие, ние се гордееме со нашето минато, историја и традиција која што е едро во кое дува ветер и не носи во европска и светска Македонија. Ние нашите сограѓани ги сакаме како наши браќа и сестри и така ги повикуваме како добри луѓе и почитувани, а тие најпрвин ги нарекоа стока, а сега ги нарекуваат сурати. Зарем тие луѓе кои што сопствениот народ саи го нарекуваат стока и сурати заслужуваат поддршка? Не, тие заслужуваат казна која народот ќе им ја порака на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи две работи зошто професорката Гордана Силјановска Давкова беше изборот на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, првата затоа што таа е најинспиративниот професор и не се штеди своето знаење да го пренесе на студентите, и затоа што е достоинствена, честита, вредна и голем борец против криминалот и гарантира владеење на правото.

Втората работа како шо рече затоа што секогаш кога на Македонија и било важно професорката Гордана Силјановска Давкова била во првите редови на одбраната

„Така беше и во 2004 така и во 2018 кога некој тргуваше, парчеше и распродаваше нешто што не го спечалил, туку го наследил тука беше професорката Гордана Силјановска Давкова да застане во одбрана на државните интереси и затоа со гордост можам да кажам дека следниот претседател нема да е Стево туку Гордана Силјановска Давкова“, кажа Мицкоски.

Пред зората е најтемно, но добра вест е што изгрева зората на слободата и таа зора носи правда за граѓаните на Република Македонија и победа на професорката Гордана Силјановска Давкова, заврши Мицкоски.