СДСМ и Заев имаат недржавнички и недемократски однос, во Македонија нема владеење на правото и независно судство, истакна на митингот во Карпош претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска – Давкова. Таа додаде дека многу набрзо Македонија ќе добие извештај од Европската Унија со интересна форма на чекање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

Се прашувам уште колку години треба да се подготвуваме за почеток на преговори. Се разбира дека тоа е доказ за нивната неспособност да се справата со предизвиците на ова време, да ги решаваат проблемите на граѓаните, дека се отуѓиле од нив дека се осамиле од нив, вели Силјановска.

Таа истакна дека нема правна држава и демократија без просперитетна и стабилна економија која што не е случај во Македонија.

Нема правна држава, нема Копехагеншки критериуми, нема демократија без просперитетна економија, меѓутоа ги чувте ли странските претприемачи во Македонија, едни од најактивните германските кои рекоа нула. Ако е тоа успех тогаш не знам што е неуспех, праша Силјановска Давкова.

Според неа корупцијата и криминалот царуваат во Македонија и не само што ја загрозуваат правната држава, туку и суверенитетот.