Доста е од политичари кои што се насмеани дотерани во фракови и лептир машни, газат дебели црвени персијанци на балови по Европа.

Ќе гледате уморни и ненаспани политичари кои што наместо проектите да ги чуваат во канцеларија, а инспекторите под мишка да ги носат на лице место со народот, ние ќе бидеме политичари кои што ќе бидат уморни, ненаспани и здодевни со проектите под мишка тука помеѓу народот.

И заедно со народот ќе ја градиме иднината на оваа земја. Ова е нашата историска улога, рече на митингот во Карпош лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека завршило времето на политичари како Стево Пендаровски и Зоран Заев, и доаѓа времето на честити луѓе кој ќе ја водат државата. Според него по претседателските следуваат и предвремени парламентарни избори.

Вие господа од СДСМ имате проблем со самите себе, а ние и граѓаните на Република Македонија имаме проблем со вас, но тој проблем ќе го решиме на 21 април, а потоа и на 5 мај. По тој 5 мај потоа следуваат предвремени парламентарни избори не дека му верувам на Зоран Заев, не дека верувам во неговиот збори. Тој не е честит збор, туку затоа што народот има таква енергија која што ќе предизвика предвремени парламентарни избори. Затоа што на народот доста му е од понижувања, омаловажувања и виткање кичма. Овој народ сака повторно да биде горд, достоинствен со исправена глава и да чекори храбро кон идината. рече Мицкоски.