Откако претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена му исправи писмо на Вселенскиот патријарх Вартолмеј со барање да се реши црковниот спор со рекација се јави Српската црква која го има томосот за афтокефалност на МПЦ.

Како што пишува „Новости“  повикувајќи се на извори во СПЦ, властите во Македонија, премиерот Зоран Заев, а сега и шефот на државата Пендаровски се обидуваат да ја заобиколат српската црква. Најпрво беше обидот да станеме црква ќерка на бугарската црква а сега се оди директно преку Цариград.

Српските црковни власти го оценунуваат потегот на Пендаровски како додворување кон Цариград бидејќи решавањето на црковниот спор оди единствено преку Белгград. Но, во последниве неколку години преговори на реалција СПЦ и МПЦ речиси и да не постојат, а за српската црква единствена канонски призната црвка е онаа на Вранишковски.

Она што најмногу зачудува во писмото на Пендаровски до Вартоломеј е што шефот на државата воопшто не споменува за која црква се залага и на кој народ му припаѓа таа црква.

Наместо МПЦ и македонски народ, Пендаровски ги користи зборовите „мојот народ“, „нашата црква“ и „мојата земја“.

На социјалните мрежи на шега се коментира дека дури и Поглаварот да сака да одговори нема да знае за чија црква и чии народ станува збор.