Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на собирот во Прилеп порача дека идниот врховен командант мора да има интегритет. Пендаровски рече дека доколку не се согласува со одредни политики на владата ќе ги употреби механизмите кои му стојат на располагање.

Ако не се согласувам со премиерот и ако оди преку дозволените граници, ќе кажам стоп, но не ми паѓа на памет да блокирам, да не давам мандат, ниту да не потпишувам закони по двапати изгласани во Собранието. Не ми паѓа на памет да бидам таков злосторник кон сопствениот народ,истакна Пендаровски.

Според претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата граѓаните на изборите ќе можат да гласаат не само за него туку и за политика која и овозможува на државата да напредува.

Недозоливо е нашата држава да биде водена од Будимпешта. Живеевме тешки години на груевизам, бевме дискриминирани само затоа што не бевме членови на таа партија. На изборите ќе стои под реден број 3 името Стево Пенедаровски, но не гласате само за Стево, туку за оваа политика што ја извади Македонија од дното за да може да оди и да напредува. Да одиме заедно напред, рече Пендаровски.

Тој на собирот во Прилеп одговараше и на прашања на присутните граѓани за различни теми.