Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ составена од потпретседaтелот Александар Николоски, членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска во Брисел остварија средба со Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Како што соопштија од партијата во текот на средбата еврокомесарот бил информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните претседстелски избори.

„При разговорот со Хан посебно беа нагласни сериозните злоупотреби од страна на институциите и владејачките партии во целиот изборен процес и изборниот инжињеринг кој беше спроведен меѓу двата круга. Соговорниците се осврнаа на реформската агенда. Беше потцртана улогата на ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Високо беше отценет придонесот на ВМРО ДПМНЕ во подобрувањето на неколку реформиски закони во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Владата нема капацитет да испорача остварливи резултати. Посебно беа ноторани слабостите во борбата против корупцијата, реформата на правосудството и економијата“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.