Помина пладне, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов се уште го нема да се јави на својот фејсбук профил, по синоќешниот пречек на старо-новите европски  шампиони, ракометарите на „Вардар“. Обично ова време на скопјани им порачува дека го „исчистил ѓубрето, како и секогаш“.

Но, ова барем досега се однесуваше на големите партиски митинзи, пред се на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, останува дилемата дали плоштадот „Македонија“ го исчисти Петре или „Не биди ѓубре“, невладиното граѓанско движење на активиската Ирена Ристиќ, чија основна определба е чиста животна околина. Токму пред некој ден тие имаа истоимена акција во еден дел од Скопје.