Потфрлија ли Албанците со своите гласови на референдумот. Дали традиционалните гласачи овој пат не ги послушаа апелите на партиските лидери за масовно учество.

Европската Унија и НАТО се чини не беа доволен мотив да излезат на гласање. „Пресинг Тв“ праша познавачи на случувањата кај Албанците и која е причината за малата излезност.

Поранешниот амбасадор Алајдин Демири е на став дека референдумот е разочарувачки и оти излезноста беше под очекувањата.

Во вакви околности кога нема попис на население и кога има масовен егзодус,  нереално е Избирачкиот список да брои милион и осумстотини илјади гласачи е научна фантастика. Ова е реалноста.Партиите недоволно  работеа на референдумот освен ВМРО-ДПМНЕ . Кај Албанците имаше аверзија  власта, посебно кон  ДУИ и на тоа се должи малата бројка. Сега имаме нејасна ситуација, но Заев ќе се обиде проблемот да го пренесе во Парламентот и да обезбеди 81 глас.

Покрај Албанците кои живеат во Македонија, за референдумот изостанаа и гласачите од дијаспората кои традиционално пред секои избори организирано со авиони и автобуси доаѓаа на гласање.

И претседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани се согласува дека Албанците можеле да излезат во поголем број затоа што ако декларативно слушаме со години дека се за НАТО и ЕУ тогаш ова е процент кој не ги задоволува очекувањата.

Причината е што политичките партии во нивната кампања па и пропаганда одзивот да биде голем премногу теснопартиски се водеше.Дури имаше и елементи каде што сакаа да се промовираат лидерите на партиите повеќе отколку да направат нешто за суштината на проблемот.

Вицепремиерот Османи пак не се согласува дека Албанците не излегле во голем број.Тој смета дека излегле доволно колку што во моментов ги има во Македонија.

Тие гласаа во максимален можен број во којшто во моментов ги има во Македонија. Тоа го гледам споредбено со сите други изборни циклуси. Ако ги земеме локалните избори, секогаш на локалните избори излезноста е најголема. Албанците имаат нешто поголема излезност отколку на локалните избори во 2017 година. Според општините каде Албанците се во доминантно мнозинство околу 270.000, проценката е некаде околу 250.000 дека гласале вчера, но тоа треба да се потврди, истакна Османи