Во гостувањето на Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со референдумот што се одржа вчера рече дека политките на Зоран Заев и на СДСМ доживеале пораз од народот.

-Вчера се случи пораз на политиките  на Зоран Заев. Вчера се случи пораз на политиките на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и таа мала група на Зоран Заев, ние тие ги нарековме пајташи. Вчера народот му кажа едно големо НЕ, не само за тоа што кое беше дел од референдумот како референдумско прашање туку и на сите оние политки кои што владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги правеше изминативе година дена откако беше избрана, вели Мицкоски

Тој посочи дека тука се содржани сите порази и тоа на економски план, криминали кои биле секојдневие во животот на граѓаните. И тоа, според Мицкоски, кулуминарло вчера и претставувало реакција на целата онаа акција која владата на СДСМ и Зоран Заев ја правеле во изминатиот период