По едномесечната ревизија на првично објавените резултатите во Годишната програма за култура на ресорното министерство, покрај најавената подршка на фестивалот „Златно славејче“, Министерството за култура подржа дел од проектите, чии организатори жестоко реагираа во јавноста зашто не поминаа на конкурсите.

Скопскиот џез фестивал доби 3 милиони денари, Авалон продукција и ОФФ Фест, по 1 милион денари, а фестивалот Здраво млади, е подржан со 150 илјади денари.

„По првично објавените резултати, кога беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите и во согласност со Законот за општата управна постапка (член 39, став 3), на апликантите им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со некои од културните оператори“, појаснуваат од Министерството.

Ревизијата на одбиените проекти следуваше по бранот незадоволство во јавноста за начинот како биле распределувани сретствата, а одбиени апликанти коментираа дека се фаворизирани проекти на поединци, блиски до власта.

Истрага за распределбата на сретствата од годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес најави и Антикорукписката комисија.

Распределбата на пари за проекти од областа на културата, утре ќе се  разгледува на собраниска комисија.Тема на надзорната расправа е начинот на донесување на годишните програми на Министерството за култура и реализација на проектите финансирани минатата година.