Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков е приведен. Како што објави на својата интернет страница Јавното обвинителство, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднел предлог за определување мерка притвор.

Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата – стои во образложението на ЈО.