Антикорупциската комисија ќе ја проверува процедурата, критериумите и постапката како е спроведен изборот при доделување државни пари од страна на Министерството за култура.

Како што истакна претседателката Билјана Ивановска, комисијата планира да го испитува случајот за што од ресорното министерство ќе биде побарана целокупната документација.

Вчера комисите од Министерството за култура брифираа дека и при повторното разгледување на одбиените од годишните конкурси на Министерството за култура не забележале пропусти при носењето на првичните одлуки.

Одлуката повторно да се разгледуваат апликациите беше побарана од министерот за култура Асаф Адеми по реакциите во јавноста за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.