Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа на опозицијата на локалните избори, посочувајќи дека резултатот од денешното гласање не е финална победа, како што рече, е голем чекор до финалната победа.

-Ова е победа на народот, победа на обесправените, на тивкото мнозинство. И покрај протисоците, поткупот, полицијата на Спасовски, обвинителсвото на Русковска, примитивизмот на Заев. Ова е триумф на оние кои гласаа, но и оние кои не гласаа. Триумф на хероите на Македонија. Денес трешти гласот на промените. Ова е прв голем чекор до финалната победа. Ова не е финална победа, но ова е прв чекор до нејзе. Ова е прв чекор кој го сакаме од нашата Македонија. Овој народ тоа го заслужува. Доста беше, доста делби, конфликти, апатија, криминал, корупција. Благодарам народе! Ова е твоја победа, рече Мицкоски.

Лидерот на партијата ги соопшти резултатите:

-Македонски Брод имаме водство, СДСМ нема да биде во втор круг. Аеродром имаме огромна предност, очекуваме да се заврши во првиот круг. Кисела Вода имаме убедливо водство 2 спрема 1, очекуваме Орце во првиот круг да победи. Сопиште е завршена работата во првиот круг. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во Бутел, го има новиот градоначалник. Чучер Сандево одиме во втор круг, Боби во Гази Баба ја заврши работата во првиот круг. Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Александар може да помине во првиот круг. Пехчево одиме во втор круг како првопласирани, Македоница Каменица. Виница три спрема еден победивме. Кочани одиме во втор круг, таму се води борба. Зрновце завршивме во првиот круг. Зелениково одиме како првопласирани во вториот круг. Петровец три спрема еден, останува градоначалник Борче. Илинден ВМРО-ДПМНЕ ги победи двата кандидати на СДСМ. Чешиново-Облешево одиме како првопласирани во втор круг. Штип ја завршивме работата во првиот круг. Да ви пренесам поздрави од Виктор, Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Исто така Дејан, Свети Николе има нов градоначалник. Лозово и Пробиштип влегуваме во втор круг. Кратово не успеавме за 13 гласа. Ранковце влегуваме во втор круг. Велес е вмровски град, Марко победи. Имаме победа во Градско. Радовиш влегуваме во втор круг со голема предност. Босилово имаме нов градоначалник. Ново Село и Василево влегуваме како првопласирани во вториот круг. Во Гевгелија сме многу блиску до првиот круг. Неготино го имаме новиот градоначалник. Демир Капија влегувам во втор круг. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев со 10 илјади разлика. Росоман влегуваме во втор круг. Прилеп ќе го води Јовчевски, кој победи уште во првиот круг. Могила и Новаци имаме градоначалници уште во прв круг. Тони во Битола има голема предност, и најверојатно ќе биде завршена работата. Ресен имаме втор круг. Разликата во Охрид е повеќе од 2000 разлика, ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Маврово Ростуше имаме втор круг, во Демир Хисар, Диме победи во Јегуновце. Брвеница влегуваме како првопласирани во втор круг, изјави Мицкоски.