Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во прв круг во Кисела Вода, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Виница, Зрновци, Петровец, Илинден, Штип, Карбинци, Свети Николе, Велес, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Могила, Новаци, Јагуновце. Се очекуваат конечните резултати во Аеродрм, Ѓорче Петров, Охрид и Битола за да се прогласи победа.

Втор круг со сгурност ќе има во Центар и Карпош, Чучер Сандево, Македонски Брод, Пехчево, Македонска Каменица, Кочани, Зелениково, Чешиново-Облешево, Лозово, Пробиштип, Кратово, Ранковце, Радовиш, Конче, Ново Село, Василево, Демир Капија, Ресен, Вевчани, Росоман, Маврово – Ростуше, Демир Хисар, Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ е во водство и во Кичево, каде што исто така очекуваат втор кург.

Во Кисела Вода водиме 2:1, во Сопиште победивме во првиот круг, во Центар и Карпош ќе има втор круг, Бутел победивме, во Гази Баба ја завршивме работата во првиот круг, во Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Пехчево втор круг, Виница освоивме во прв круг, Кочани одиме во втор круг, победивме во Петровец, во Илинден исто така победивме, Свети Николе и Карбинци исто така во прв круг имаме победник. Велес исто така имаме наш градоначалник, се само дел од резултатите што ги соопшти Мицкоски на прес-конференција.

 

Според последните податоци кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, независnата кандидатка поддржана од оваа партија Данела Арсовска води со 2750 гласови пред Петре Шилегов од СДСМ. Во повеќе од 50% од општините очекуваат мнозинство во советите, вклучувајќи го и Скопје. Според нивните пресметки разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на советничките листи ќе биде 50.000 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот круг, според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ вегува како првопласиран во 20 општини.